Hyundai, Kia и Genesis ќе развиваат повеќе автомобили во Европа

49

Инженерите на корејските брендови Hyundai, Kia и Genesis ќе развиваат повеќе возила на Стариот континент кои ќе бидат наменети за глобалниот пазар.

G70 Shooting Brake е првиот модел развиен од јужнокорејското трио Hyundai, Kia и Genesis првенствено за Европа, но другите автомобили во голема мера се конструирани на Стариот континент. N моделите како Kona N, Elantra N и i20 N беа „зачнати“ на европско тло за глобален пласман. Но, работите нема да застанат тука бидејќи Hyundai, Kia и Genesis се повеќе ќе се потпираат на нивните европски дивизии за развој и производство на нови модели.

Ова го откри човекот кој ги носи одлуките за истражување и развој за трите марки во Европа. Зборувајќи за Autocar, Тајрон Џонсон истакна: „Ние бевме толку успешни во нашето европско работење што ни беше дадено повеќе да го развиеме своето“. Во 2021 година, инженерите беа исклучително зафатени работејќи на не помалку од 30 различни проекти. За да се поддржи експанзијата, капацитетот за тестирање на корејскиот конгломерат на патеката Нирбургринг ќе се зголеми за двојно.

Високите давачки прават сериозен проблем

Додека многу производители на автомобили активни во Европа ветија дека ќе ја прекинат продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година, Hyundai и Kia нема да го сторат тоа порано од 2035 година. Ова дава надеж дека автомобилските ентузијасти се уште имаат доволно време да си набават „хот хеч“ како i20 N или повозрасниот i30 N. Се разбира, сè зависи од регулативите за емисиите бидејќи Euro 7 што треба да се појави за неколку години може да ги поттикне компаниите да престанат со своите перформансни понуди.

Друго прашање произлегува од високите даноци, бидејќи седнувањето зад воланот на спортски автомобил станува сè попрохибитивно. Со експлозијата на цените на бензинот во последните месеци, станува се потешко да се оправда купувањето забавен автомобил. Се разбира, Тајрон Џонсон не мислеше строго на моделите со перформанси, туку на возилата воопшто.

Од друга страна, тројката многу инвестира во електрични возила со подготовка на Ioniq 7, EV9 и најверојатно GV90. Овие ќе бидат електрични теренци со три реда што ќе се продаваат низ целиот свет како попространи алтернативи на Ioniq 5, EV6 и GV60.

Преземено од Avtoplus.mk