Hyundai најавува електричен SUV со „лоунџ“ во кабината

14

Hyundai Motor Company објави „тизер“ фотографии од својот нов електричен SUV концепт, за кој велат дека ќе биде елегантен и простран. Името на концептот е SEVEN, што сугерира дека ќе може да прими седум патници, но компанијата е порешителна да истакне некои смели и неочекувани дизајнерски одлуки во овој случај.

Така, SEVEN треба да го претставува дизајнот, иновациите и технологиите на иднината што ќе ги красат моделите на Hyundai во ерата на електричната мобилност. Овој теренец ќе се вклопи во нивната веќе добро позната линија IONIQ, а ќе се истакне пред се со својот необичен внатрешен дизајн. Сосема свесно и намерно ќе отстапи од сето досега познато во автомобилската индустрија и традиционалните автомобили со мотори на фосилни горива.

Внатрешноста на ова возило ќе изгледа како хотелска соба, или дневна соба, а не како кабина на патничко возило како што ја знаеме. Впечатокот на „лаунџ“ ќе биде нагласен со уникатниот стил на тапацир, седишта и изборот на материјали, кои се нагласени и ќе бидат еколошки одржливи, префинети и избрани на начин што го отсликува уникатниот стил на идните сопственици на SEVEN.

Концептот SEVEN ќе ја има официјалната премиера на 17-ти овој месец во Лос Анџелес, во рамки на саемот за автомобили AutoMobility, а презентацијата ќе може да се следи и преку Интернет. Концептот ќе биде достапен за прегледување во конференцискиот простор до 28 ноември.