Hyundai за три месеци прокнижи добивка од 1,6 милијарди долари

73

Јужнокорејскиот производител на автомобили, Hyundai во вториот квартал од оваа година прикажа добивка од околу 1,6 милијарди долари, што е за седум пати повисока одошто истиот период минатата година.

Hyundai, којшто е меѓу 10-те најголеми светски производители на автомобили, прикажа добивка од 1,57 милијарди долари во периодот од април до јуни оваа година.

Пазарните аналитичари прогнозираа пониска нето добивка за вториот квартал.

Фото: Pexels