Осумнаесетгодишно момче ќе му се придружи на милијардерот Џеф Безос на туристичкото патување во вселената, што на 20-ти јули го организира неговата компанија и со тоа ќе стане најмладиот човек кој дошол во вселената.
Тинејџерот Оливер Димен ќе патува на местото на анонимниот победник на аукцијата што за патување во вселената со основачот на Amazon плати 28 милиони долари. Победникот не можел да патува поради “гужва во распоредот“, па на негово место ќе дојде Оливер кој е син на Џес Димен, директор на компанијата Somerset Capital Partners. Младиот Оливер инаку е студент по физика.
Со нив на патувањето ќе биде и 82-годишната Воли Фанк, која ќе биде највозрасната личност во вселената.
Останатите патници во ракетата New Shepard се Џеф Безос и неговиот брат Марк.
Компанијата планира да ги лансира патниците на повеќе од 100 километри над површината на Земјата и така да им овозможи да ја почувствуваат микрогративатацијата.
Капсулата потоа ќе се врати на Земјата со помош на падобран, а патувањето би требало да трае околу 10 минути, пренесува ВВС.
Фото: Facebook