И Безос доби дозвола за лет во вселената – патувањето закажано за следната недела

49

Ракетата на компанијата на Џеф Безос (57), најбогатиот човек на светот, доби дозвола од американската влада да испраќа луѓе во вселената, вклучувајќи го и сопственикот.

Основачот на Amazon следниот вторник во девет часот по локално време ќе биде во ракетата New Shepard во Западен Тексас, а ќе му се придружи и неговиот брат. Тие ќе летаат во вселената со несудената астронаутка Воли Фанк (82) и победникот на аукцијата кој платил 28 милиони долари за патувањетo.

Тоа ќе биде прво лансирање ракета со патници за компанијата Blue Origin, која како и компанијата Virgin Galactic, сопственост на Ричард Брaнсон, планира да започне туристички летови во вселената во наредните месеци.

Федералната администрација за авијација на САД даде зелено светло во понеделникот, а лиценцата ќе важи и во август.

Безос се повлече од функцијата извршен директор на Аmazon минатата недела, а ja основаше Blue Origin во 2000 година.

Фото: Facebook