И дрвото станува злато?

41

Кризата што ја предизвика пандемијата погоди многу дејности во најсилната европска економија, но дрвната индустрија во Германија не ги чувствува последиците. Цената на производите од дрво во последно време се пораст, пишува Дојче Веле.

Според податоците на германскиот сојузен завод за статистика, минатата година е исечена рекордна количина на дрво во последните три децении. Причина за тоа е зголемената побарувачка на повеќе клучни пазари, но отприлика половина е и поради штетите нанесени поради климатските промени.

“Огромната количина на исечени дрвја минатата година може делумно да се препише на потребата од отстранување на стеблата оштетени во бури или заразени со инсекти“, вели Холхер Вајмар од Институтот за меѓународно шумарство и економија на шумите.

Најголем дел од пресечените дрвја се натрупуваат во шумите ширум Германија и чекаат ред за обработка во пиланите.

“Во САД активностите во градежништвото имаат голем пораст уште минатата пролет, но капацитетите за преработка на дрво се ограничени, пред сè затоа што многу пилани се затворени поради глобалната криза“, објаснува тој.

Фото: Pixabay