И Хрватска ќе ја спасува Грција

23

evraНа Грција ќе и бидат неопходни нови милијарди евра за помош, а во спасувањето на оваа земја за прв пат ќе учествуваат и хрватските даночни обврзници. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле призна дека на Грција во 2015 година ќе треба да и се уплати и трета транша помош по првите две кои изнесуваа 215 милијарди евра, а според пишувањето на Süddeutsche Zeitung, делумно оваа земја ќе се финансира од буџетот на Европската унија.

“Помошта ќе оди од буџетот на ЕУ, тоа е единствената преостаната опција. Нови кредити не доаѓаат во предвид затоа што уште повеќе би го зголемиле високиот грчки јавен долг”, изјавил за весникот извор близок до германската влада.

Ако третата помош за Грција изнесува 11 милијарди евра, и доколку целосно се финансира од буџетот на ЕУ, тогаш хрватските даночни обврзници ќе треба да платат 37 милиони евра, пишува Вечерњи лист. Хрватска во вкупниот БДП и буџет на ЕУ учествува со 0,34%, а секоја земја во помош учествува со големината на својот удел во вкупната економија на Унијата. Кога помошта би била 11 милијарди евра, како што се шпекулира, најголем дел од парите ќе ги даде Германија, три милијарди евра, која во буџетот учествува со 28%.