Индија, третата најголема економија во Азија, ги исклучи кинеските инвеститори од нејзината територија. Со тоа, земјата го следи патот на Австралија, која неодамна исто така ги “затвори своите порти“ за кинески инвестиции.
Откако Централната банка на Кина, на општото разочарување на Индија, ја искористи слабоста на рупијата и ниската берза за да купи масовно акции на индиската HDFC банка, владата во Делхи објави дека од сега па натаму, сите купувања и аквизиции од страна на Кина подлежат на директно одобрување од Индија, пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Претходно, лидерот на опозицијата во Индија, Рахул Ганди, повика да се стопираат сите операции каде странците би можеле да купат сега евтини индиски акции.
“Масовното забавување на растот значително ослабна многу индиски компании и ги направи лесен плен за атрактивни преземања. Владата не смее да дозволи странците да ја преземат контролата врз индиските фирми за време на националната криза“, рече Ганди.
Статистички гледано, 18 од 30 новоформирани компании во технолошкиот сектор во Индија се зависни од кинеските пари.
Во февруари беше објавено дека Кина има околу 6,2 милијарди евра долари директни инвестиции, но никој не знае колкава е вкупната сума која Кина преку фондови до сега ја има инвестирано во индиските фирми.
Фото: Pixabay