И монгoлските номади добиваат струја од сонцето

34

nomadi struja

Со дури 250 сончеви денови во годината, монголскиот потенцијал за производство на соларна енергија е огромен, но недоволно искористен.

Oва наскоро би можело да се промени, бидејќи монголската влада неодамна започна програма за опремување на традиционалните номадски шатори со преносни фотонапонски системи што би требало да го олесни животот во северните делови од оваа азиска земја. Благодарение на неодамна инсталираните фотонапонски системи, дури 70% од монголските номади имаат пристап до електрична енергија.

Иако Монголија веќе неколку години бележи раст на економијата, повеќе од 800.000 од вкупно 2,8 милиони жители, се уште живеат на традиционален начин. За поголемиот дел од нив тоа значи дека немаат пристап до основните погодности на модерниот живот како што е пристапот до вода за пиење и електрична енергија.

Преку овие нови соларни системи, многу номадски семејства конечно ќе можат да ги користат благодетите на модерниот живот, како што е чување на храна во фрижидер, можност за користење мобилни телефони или гледање телевизија за да добијат информации за времето, што за нив е посебно важно.

Освен тоа, достапноста на телефоните ќе им овозможи да повикаат доктор кога имаат потреба за тоа без да мораат да патуваат до најблиското село.