И натаму се намалува просечната камата на вкупните кредити

31

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јули 2020 година, покажуваат податоците на Народна банка.

Во јули таа изнесува 4,75% и бележи месечен и годишен пад од 0,05 процентни поени (п.п.) и 0,40 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,05% и на месечна основа е пониска за 0,04 п.п. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,33 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,98% и во јули забележа месечен раст од 0,04 п.п. Споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,70 п.п. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е остварен месечен раст од 0,05 п.п. и таа изнесува 0,69%, додека на годишна основа оваа каматна стапка е намалена за 0,58 п.п.

Фото: Freepik