Американската компанија за електронска трговија, Amazon соопшти дека го купува филмското студио MGM за 8,45 милијарди долари, со што ќе стекне голема архива на филмови и телевизиски емисии и ќе ја заостри конкуренцијата на стриминг пазарот, во којшто лидери се Netflix и Disney +.
Филмската куќа Metro Goldwyn Mayer (MGM), основана во 1924-та година, ја има франшизата за Џејмс Бонд, кабелскиот канала Epic и продуцира популарни телевизиски емисии, пренесува Ројтерс.
Ова е втората најголема аквизиција на Amazon после преземање на компанијата Whole Foods Market, што ја купи за 13,7 милијарди долари за 2017 година.
Цената по којашто MGM се продава е околу 37 пати повисока од проценетата добивка пред оданочување за 2021 година.
Amazon во април претстави рекордна квартална добивка четврти квартал по ред и се пофали дека има повеќе од 200 милиони претплатници за својот Prime Video Service.
Фото: Facebook