И официјално се знае кои мотиви ќе се најдат на хрватските евро монети

119

На сите монети на хрватското евро подлогата ќе биде препознатливата шаховница, мапата на Хрватска ќе биде на монетата од две евра, куна на монетата од едно евро, ликот на Никола Тесла на 50, 20 и 10 центи, а мотиви од глаголицата на монетите од пет, два и еден цент.

Оваа одлука е донесена на состанокот на Националниот совет за воведување на еврото во Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.

Гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ, коментирајќи го влијанието што воведување на еврото ќе го има врз цените и платите, рекол дека досега се покажало во сите земји по воведување на заедничката валути “стандардот порасна, односно платите растеле побрзо од цените“.

“Нема никаква причина да не се очекува такво нешто, ако во сите земји членки било така, да не биде и во Хрватска“, додал тој.

Просечната плата, како што се наведува, ќе расте во зависност од продуктивноста и успехот на економијата, а да се даде оценка за растот на заработката потребно, според негово мислење, да поминат пет години од воведување на еврото.

Се очекува со воведување на еврото да дојде и до пораст на цените, а за да може да се контролира тоа ќе бидат воспоставени одредени механизми.

Фото: Pexels