И оваа недела горивата по иста цена

27

Цените на бензините, дизелот и Eкстра лесното масло за домаќинство и оваа недела остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, и оваа недела еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари, а Еуросупер БС – 98 ќе се точи по 69 денари за литар.

Дизелот Еуродизел (Д-Е V) и оваа недела ќе чини 61,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство и натаму е 50,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,929 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 35,407 ден/кг.

Фото: Pixabay