И покрај кризата забележан e раст на градежништвото во ЕУ

41

Обемот на градежните работи во еврозоната во септември е зголемен за 0,1 отсто на месечно ниво, а во ЕУ за 0,2 отсто.

Според европските статистичари, Словенија забележала втор најголем годишен раст на обемот на градежните работи.

Во септември во еврозоната обемот на работите на градежни објекти е зголемен за 0,6 отсто, а на високоградба за 0,1 отсто, објави Евростат.

Во ЕУ обемот на работите на нискоградба е зголемен за 1,5 отсто, додека кај висококатниците е намален за 0,1 отсто, пренесува SEEbiz.

Меѓу земјите за кои беа достапни податоци, Полска забележа најголем месечен пад од 5,8 отсто. Следат Португалија (-2,7 отсто) и Австрија (-2,6 отсто). Најголем раст забележа Романија (+3,2 отсто), потоа Шведска (+2,8 отсто) и Унгарија (+2,2 отсто).

Гледано на годишно ниво, обемот на работите на високоградба во еврозоната е зголемен за 0,2 отсто, а на градежни објекти за 1,2 отсто. Во ЕУ обемот на градежните работи на висококатниците е зголемен за 1,4 отсто, а на објектите од нискоградба за 1,3 отсто.

Меѓу членките на ЕУ, Романија (+26,2 отсто), Словенија (+26,1 отсто) и Австрија (+6,3 отсто) забележаа највисок годишен раст.

Најголем пад има во Шпанија (-12,3 отсто), Чешка (-3,7 отсто) и Германија (-2,6 отсто).