Американско – руските тензии поврзани со енергетски прашања не ги спречија САД лани да купат рекордна количина на руска сирова нафта.
Американските рафинерии дневно товарале 538.000 барели руска нафта и нафтени деривати, со што го собориле рекордот стар 10 години, пренесува Russia Today.
Според податоците коишто ги евидентираше Американската управа за енергетски информации, САД лани купиле највисоко ниво на руска нафта од 2011 година, кога дневно увезувале од Русија 624.000 барели.
Русија минатата година стана трет најголем добавувач на нафта во САД, надминувајќи ги Саудиска Арабија, којшто важи за најголем светски извозник. Рускиот удел во американскиот увоз на нафта изнесува рекордни 7%.
Најголеми извозници на нафта во САД лани беа Канада со дневна испорака од над четири милиони барели и Мексико со околу 750.000 барели дневно. Просечниот американски увоз на нафта од Саудиска Арабија изнесувал 522.000 барели дневно лани.
Фото: Pexels