И Ralph Lauren ќе произведува медицински маски и наметки, донира и 10 милиони долари

85

Модната куќа Ralph Lauren ќе започне со изработка на медицински маски и наметки, со што ја дава својата поддршка за борбата против коронавирусот.

Корпоративната фондација Ralph Lauren ќе започне со изработка на 250.000 маски и 25.000 изолациски наметки во САД, пишува BBC.

Фондацијата, исто така, донира 10 милиони долари за глобален одговор на пандемијата на коронавирус. Во САД бројот на починати сега се искачи над 1.000.

“Во срцето на нашата компанија, секогаш постоел дух на заедништво што ја инспирира нашата креативност, нашата самодоверба и што е најважно нашата поддршка едни на други. Во изминатите недели и месеци, тој дух никогаш не исчезна”, рече Ралф Лорен, извршен претседател на модниот бренд.

И други модни брендови, исто така, ветија дека ќе помогнат во производство на итно потребната медицинска облека.

Фото: Facebook