И со вода ќе се тргува на Wall Street

46

Водата се приклучи на златото, нафтата и другите стоки со кои се тргува на Wall Street, што само покажува колку овој ресурс е ограничен и колку се грижиме за тоа.

Од оваа недела CME Group Inc. на калифорнискиот пазар на вода пушта фјучерси во вредност од 1,1 милијарда долари. Според компанијата, фјучерсите ќе им помогнат на корисниците на вода подобро да управуваат со ризиците и посоодветно да одговараат на понудата и побарувачката.

Ова не значи дека ќе се тргува со вода за пиење од цевките на комуналните компании, туку со договори во оваа област. Додека инвеститорите тврдат дека тоа е добар механизам за подобрување на ефикасноста на потрошувачката на вода, аналитичарите велат дека фјучерсите отвораат можност за вештачко покачување на нејзината цена.

Воведувањето на овие “водени“ фјучерси на финансискиот пазар беше најавено уште во септември, кога топлотните бранови и пожарите беснееја по западниот брег на САД.

“Климатските промени, сушите, растот на населението и загадувањето најверојатно ќе поттикнат голем пораст на цените на водата во наредните години“, објаснува Дин Дреј, аналитичар и директор на RBC Capital Markets.

Според Bloomberg, снабдувањето со вода е веќе голем проблем за две милијарди луѓе, а во следните неколку години може да стане за две третини од глобалното население.

Фото: Pixabay