И татковците кои работат во Volvo ќе имаат право на породилно отсуство

79

Шведскиот производител на автомобили, Volvo од април оваа година на вработените им дава породилно отсуство на сите татковци во сите земји каде што работи. Бенефитот од оваа одлука што ја нуди шведската влада ќе ја имаат сите 40.000 работници на Volvo, независно од полот и местото каде што работат, пренесува Bloomberg.

Работниците ќе имаат право на платено отсуство од 24 недели кога ќе добиваат по 80% од платата. Тоа е иницијатива, што според извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон, има за цел создавање “култура што го поддржува родителството.

“Кога родителите имаат поддршка во рамнотежа меѓу работата и семејството, тоа помага да се затвори родовиот јаз и на секого му дава прилика за развој на кариера“, вели Самуелсон.

Оваа придобивка е резултат од искуството на пилот проектот што е спроведен во фабрики низ Европа. Податоците покажуваат дека 46% од мажите вработени во Volvo се пријавиле за програмата за породилно отсуство. Дури и во Шведска, којашто се гордее со еднаквост меѓу половите, само една третина од татковците го користат правото шест месеци да остане дома со децата.

Преку оваа политика се верува дека на Volvo ќе му биде полесно да ги привлекува талентираните работници и да ја подготви компанијата за важни промени низ коишто поминува целата автомобилска индустрија.

Фото: Pexels