И Турција се подготвува за отворање на економијата

143

И Турција е една од земјите кои започна процес планирање за враќање во нормален живот и повторно отворање на економијата. Компаниите ширум земјата изразија волја за постепено отворање во блиска иднина. Трговските центри се подготвуваат за отворање во средината на мај, потоа следат рестораните кои се прилагодуваат на мерките на социјално дистанцирање, а берберите и фризерите може да меѓу првите кои ќе отворат, пишува Daily Sabah.

По двајца клиенти на час

Конфедерацијата на турски занаетчии (TESK) смета дека е неопходно трговците да ги отворат своите продавници постепено во мај.

“Прво предложивме да отвориме берберници и фризери. Тие можат да опслужат до 12 клиенти на ден, соодветно на темпото на две лица на час, без кршење на правилата за хигиена и социјална оддалеченост“, рече Бендеви Паландокен, претседател на организацијата.

Турскиот претседател Рeџеп Таип Ердоган соопшти дека земјата има за цел да се врати во нормала по завршување на верскиот празник Рамазан кон крајот на мај.

Рестораните го прилагодуваат растојанието

Здружението на инвеститори и оператори во туризмот (TURYİD) препорачува отворање трговски центри пред Рамазан Бајрам во провинциите и областите каде ризикот од ширење на вирусот е мал.

“Рестораните ќе бидат отворени две до три недели откако ќе се отворат трговските центри. Во моментов работиме на утврдување на густината на масите по метар квадратен во рестораните заедно со Министерството за туризам“, рече Каја Демирер, претседател на здружението.

Хотелите се отвораат по Рамазан Бајрам

“Ако сè оди добро, домашниот сообраќај започнува од крајот на мај. Туристичката сезона се отвора со контролирани домашни летови“, изјави неодамна министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.

По дискусиите помеѓу владата и претставниците на секторот, хотелите би можеле да започнат со отворање кон крајот на мај со преземање на неопходните мерки.

Фото: Pixabay