И Вашингтон пост воведува претплата на онлајн содржините

53

The Washington PostАмериканскиот дневен весник Вашингтон пост (The Washington Post) од 12 јуни ќе почне со наплата на онлајн содржините и ќе понуди пакети за дигитална претплата на месечно ниво во износ меѓу 9,99 и 14,99 долари.

Читателите кои се претплатени да го добиваат весникот во печатено издание, вклучувајќи ги и оние што го добиваат само неделното издание, ќе треба само да се регистрираат онлајн, без да плаќаат дополнително.

Студентите, професорите, администрацијата вработена во училиштата, вработените во владини институции и војската кои ќе се логираат од своите работни места или училишта ќе имаат бесплатен пристап до содржините на интернет, но тоа не важи ако се логираат од дома.

Вашингтон пост беше еден од неколкуте поголеми весници што бесплатно онлајн ги нудеа своите содржини, но мора да воведе претплата затоа што се соочува со финансиски проблеми.