И во Јужна Африка пронајдени лажни вакцини против коронавирус

22

Властите во Јужна Африка заплениле стотици шишенца со лажни вакцини против коронавирусот, по глобалното предупредување што го упати Интерпол за тоа дека вакцините стануваат примарна цел на криминалци.

Во складиште во близина на Јоханесбург пронајдени се 400 ампули со лажни вакцини, а полицијата уапсила тројца кинески државјани и еден од Замбија.

Претходно, кинеската полиција идентификуваше криминална мрежа што продавала лажни вакцини, по што беа уапсени 80 осомничени лица, а запленети беа повеќе од 3.000 дози лажи вакцини.

Во истрагата учествувало и одделение на Интерпол за недозволени производи.

Фото: Pexels