
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2023 година, во споредба со април 2023 година, е зголемен за 1.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во
групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 13.4 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − мај 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 2.3 %.











