И во Србија се произведува и продава “црвено“ злато

68

Семејство од Србија започна со производство на еден од најскапите зачини во светот – шафран.

“Проучувајќи на интернет за шафранот, не најдовме податоци за производство во Србија. Дојдовме до едно семејство во Франција кое веќе со генерации се занимава со негово производство. Господинот Матеа беше многу љубезен и со само неколку разменети мејлови ни објасни многу работи што ни беа нејасни“, вели Саша Николиќ за Agroklub.rs.

Кога донеле одлука да го купат материјалот за садење, наишле на проблем, бидејќи никаде не можеле да го најдат. Потоа одлучиле да увезат лукчиња од Франција.

“Пред да ги купиме лукчињата, бев на семинар за одгледување на шафран, којшто беше организира во земја од соседството. На семинарот разрешив некои дилеми поврзани со садењето, берењето, сушењето и чувањето на оваа билка“, додава тој.

Целокупното производство на првиот шафран од Србија е рачно и без примена на хемиски апарати. Парцелата на којашто се произведува шафранот е 10 ари, оградена е и во близина нема парцели коишто се обработуваат и третираат со хемиски средства.

Инаку, шафранот важи за еден од најскапите зачини во светот. Неговата висока цена е поради долгиот рачен процес на обработка на посебен вид на орхидеи.

Фото: Pixabay