Иако туризмот “тоне“, нив бизнисот им “цвета“

176

Туризмот го понесе најтешкиот товар од кризата што ја предизвика пандемијата. Угостителите, туристичките работници и хотелиери ги пребројуваат загубите, но постојат и такви кои успеаја да се изборат со кризата и да остварат добивка. Станува збор за оние кои се занимаваат со изнајмување на куќи за одмор, како и со луксузни вили со базени, пишува Јутарњи лист.

Во Хрватска ваквите сместувања се целосно пополнети од гости од странство. Добар дел од куќите, особено во Истра, се резервирани без оглед на тоа што во овој момент во овој град не може да дојдат туристи од Австрија, Словенија и Велика Британија, кои заедно со Германците се најбројни вон сезона. Но, хрватските туристички работници се надеваат дека Германците ќе успеат да ги пополнат капацитетите, па оние кои нудат вили ќе бидат задоволни од тоа како помина сезоната.

“Поради целата ситуација околу затворање на границите кон Хрватска, во септември сме на околу 60% од пополнетост на куќите. Падот започна кога Австрија и Словенија нè ставија на црвената листа. Во тие последни 10 дена од август изгубивме 20% од прометот, бидејќи гостите се спакуваа и си заминаа“, вели Иван Милотиќ, косопственик на туристичката агенција My Istra.

Гостите наместо хотели повеќе преферираат куќи и вили. Некои нудат поголем комфор од самите хотели, но ги немаат услугите што ги нудат хотелите. Сепак, поради пандемијата туристите повеќе сакаат да престојуваат на места каде што е побезбедно, а вилите се покажаа како полн погодок.

Фото: Pexels