IATA смисли начин за безбедно патување

69

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) ja претстави Travel Pass, мобилна апликација која треба да им помогне на патниците лесно и безбедно да го организираат своето патување.
Благодарение на апликацијата, патниците би биле сигурни дека го организирале патувањето во согласност со барањата на одредена земја во врска со тестирање за Ковид-19 или вакцинација.

Travel Pass чува шифрирани податоци, вклучително и резултати од тестирање или вакцинација на мобилниот уред на патникот, додека патникот контролира кои информации од неговиот телефон ги споделува со авиокомпаниите и властите. Travel Pass ги почитува принципите на заштита на податоците, како и Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија.

Извршниот директор на IATA, Александре де Јунијак истакна дека тестирањето моментално е решение за безбедно отворање на границите и поврзување на луѓето, а со текот на времето и вакцинацијата.

“И во двата случаи, клучен е безбеден систем за управување со информации за тест или вакцинација. Travel Pass е решение на кое и патниците и земјите можат да веруваат. При креирање на апликацијата, главните приоритети се безбедноста на податоците, леснотијата на користење и верификацијата“, истакна Јунијак.

Најавено е дека IATA Travel Pass би требало да почне да се користи на почетокот на првиот квартал 2021 година. Апликацијата ќе биде достпна за iPhone (iOS) и Android платформа.

Фото: Freepik