iBarman – мини кафемат за во автомобил

143

ibarman

Млади научници од Националниот истражувачки универзитет за технологија на Русија го дизајнираа iBarman – мини кафемат за во автомобил, пишува ТАСС.

Компанијата Карфидов Лаб го направи прототипот на овој уред, со големина на мал термос, што може да се постави во држачот за чаши во автомобилот.

iBarman работи со помош на батерии, а може да послужи како кафемат или апарат за ладење на вода. Со овој уред може да се управува со помош на апликација за мобилни уреди.

ibarman 1

Уредот има резервоар за вода од 350 милилитри, а за подготовка на едно таканаречено американско кафе потребна му е само една минута. За околу 40 до 60 секунди, iBarman може да ја излади водата. Во внатрешноста на уредот, освен вода, се поставуваат капсули за кафе, млеко, шеќер или чај.

Младите научници од Универзитетот и инженерите од Карфидов Лаб планираат две модификации на уредот – првата да биде уред само за ладење на водата, којшто ќе биде помал и полесен од iBarman, додека вториот ќе биде создаден за подготовка на кафе во екстремни услови.