IBM го презема финскиот старт – ап Nordcloud

41

International Business Machines (IBM) го презема финскиот старт – ап NordCloud, што е најнова во низата преземања на компанијата што фокусот го става на технологија во “облак“.

IBM се насочува кон таканаречен хибриден облак, каде што гледа голема прилика за развој до милијарда долари, бидејќи расте бројот на компании што користат сопствен центар за податоци и дополнителни ресурси за управување и обработка на податоци.

Американската компанија не откри колку плати за преземање на стартапот од Финска.

Од април годинава, кога на чело на IBM застана Арвинд Кришна, преземени се најмалку пет стартапи што нудат и развиваат решенија во “облак“.

Фото: Facebook