IBM: Момчето и неговиот атом

23

IBM-ATOM-FILM

Одделот за истражување на IBM направи краток филм “Момчето и неговиот атом” со поместување на индивидуални атоми и сликајќи ги. За снимањето се користени 5.000 атоми на јаглерод моноксид, кои се поместувани со влечење со мали магнети направени од 12 атоми. Направените слики се зголемени за околу 100 милиони пати.

На денешните електронски направи им требаат еден милион атоми за да зачуваат еден бит податоци, но овие 12 атомски магнети можат да зачуваат исто толку информации во многу помал простор. Овој пробив има потенцијал да ги направи компјутерите и уредите помали и помоќни, но исто така содржи информации за начинот на работа на цели индустрии, велат од IBM.

Еве како се правеше филмот: