Технолошкиот гигант IBM е обвинет за нелегално користење на фотографии од Flickr за потребите на сопствен проект поврзан со препознавање на лица, пишува BBC.
Компанијата презела околу еден милион фотографии од базата на Flickr првично земени од Yahoo. Според групата за заштита на дигиталните права Privacy International, IBM не смееле да ги користат фотографиите без директно да бидат прашани луѓето кои се на нив.
“Ниеден од фотографираните не ни помислувале дека нивните фотографии ќе бидат искористени на ваков начин“, велат од групата.
Фотографиите коишто ги презел IBM биле со дозвола Creative Commons, којашто генерално означува дека истите можат да се користат, со мал број на рестрикции.
Од IBM потенцираат дека користеле одредени мерки за растојание на цртите од лицето коишто би им помогнале на компаниите чијашто дејност е детектирање на лица. Со помош на таа технологија индивидуалци би се препознавале на различни фотографии.
Фото: Facebook