IBM се дели на две компании

67

International Business Machines (IBM) најави дека ќе се подели на две компании, јавува ВВС.

Целта на оваа одлука е да се стави фокус на бизниси што носат поголем профит, како што cloud computing и вештачка интелигенција. Новата компанија ќе се фокусира на ИТ инфраструктура, а нејзиното име и основање ќе биде следната година.

По оваа најава, акциите на IBM  пораснаа за 6%.

“Со цел да продолжиме со раст, нашата стратегија мора да биде насочена кон прилагодување на светот. Денес, хибридните услуги во “облак“ и вештачката интелигенција претставуваат главни движечки сили во трговијата, реализација на трансакциите и со текот на времето, инженерството во целина“, напиша Арвинг Кришна, главен извршен директор на IBM.

Во компанијата во овој момент има над 352.000 вработени, а експертите очекуваат одвојувањето во две компании да чини околу пет милијарди долари.

Фото: Facebook