Технолошката компанија IBM на пролет следната година во Хрватска го отвора Client innovation center во којшто се очекува да бидат вработени 500 лица, пишува Пословни дневник.
Вработувањето, како што се наведува, ќе оди по фази, а целосната вработеност во центарот ќе се реализира за неколку години.
“IBМ во Хрватска е присутен повеќе од 20 години и одлуката да го прошириме бизнисот токму тука, и тоа преку нов центар што ќе ги задоволува потребите на корисниците ширум светот, ја донесовме земајќи ја во предвид локацијата, деловното окружување и пазарот на труд“, вели Дамир Зец, директор на IBM за Хрватска.
Во мај беше објавено дека Хрватска е избрана од страна на IBM во конкуренција на Словенија и Словачка.