IBM Trusteer – бесплатна алатка на Охридска банка за безбедно електронско банкарство

28

untitledОхридска банка АД Скопје на публикуваше нова верзија на апликацијата за електронско банкарство – ОБСГнет со цел да им излезе во пресрет на своите клиенти.

Новата верзија за Електронско банкарство ја зголемува безбедноста на самата апликација, преку интегрирање на бесплатната алатката ИБМ Трастиер (IBM Trusteer) којашто врши проверка на можни малициозни софтверски апликации инсталирани без знаење на корисниците на нивните електронски уреди.

Софтверските слабости во компјутерските оперативни системи создаваат можност криминални софтверски апликации (компјутерски вируси) да ги преземат уредите и да управуваат со банкарските трансакции.

ИБМ Трастиер (IBM Trusteer) го скенира уредот секогаш кога ќе се активира електронското банкарство ОБСГнет и алармира за потенцијални ризици.

Сите корисници на електронско банкарство  на Охридска банка Сосиете Женерал, веќе можат на едноставен начин да аплицираат за Моја банка мобилното банкарство без да имаат потреба од посета на експозитурите на Банката.

Аплицирањето за Моја банка се врши преку ОБСГнет електронското банкарство во делот Мој профил, со избор на полето Моја банка мобилна апликација. По отворањето и прифаќањето на  документот Општи правила и услови, корисниците ќе добијат два различни кода коишто ќе треба да ги внесат во апликацијата Моја банка во делот за регистрација. Апликацијата Моја банка корисниците можа да ја превземат и инсталираат од Playstore или App. Store во зависност од типот на мобилниот телефон на кој ќе се користи мобилната апликација.