ICAROS VR е “летечка“ фитнес направа којашто на корисникот му овозможува незаборавно виртуелно патување.
Со помош на оваа направа се активира и стимулира целокупната мускулатура на корисникот, кој ужива во виртуелното патување на различни локации.
Уредот е изум на германската технолошка компанија ICAROS GmbH, чија цел било создавање направа што ги поврзува видео игрите со физичката активности, пишува Russia Today.
Се очекува кога ќе се најде на пазарот, ICAROS VR да чини 8.000 евра.