Ice Bears – уред за ладење од мраз што штеди енергија

42

Ice-Bear-30-commercial-unit-1020x610Ice Energy, компанија со седиште во Калифорнија, произведува уред за ладење наречен Ice Bears којшто може да се употребува за станбени и деловни објекти, пишува Inhabitat. Според компанијата, Ice Bears на корисниците ќе им овозможи голема заштеда на пари додека го лади нивниот дом и многу помалку ќе ја загадува животната средина од традиционалниот систем на ладење.

Системот е базиран на едноставен концепт – мразот е ладен и може да го излади и воздухот. Како што велат од Ice Energy нивниот уред ја намалува потрошувачката на струја за 95% или до шест часа на ден, што пак резултира со заштеда на енергија за 40%.

Ice Bears произведува мраз – задача што не повлекува трошење на енергија и потоа го користи за да го излади воздухот во домот/канцеларијата. Кога компресорот е затворен системот може да лади уште четири часа од произведениот мраз, што значи дека користи многу помалку енергија од традиционалниот клима уред. Тој се инсталира надвор како и обичните клими, се поврзува со системот на цевки во домот или користи посебен mini – split систем доколку во просториите нема вградено соодветни спроводни цевки.

Ice Bears е паметен уред што се управува од далечина и е способен за самоконтрола. На корисникот графичка презентација преку којашто може да види како се користи енергијата во домот или канцеларијата.