Сè поголем е бројот на жени кои водат свој бизнис. Сајтот Thestoryexchange.org направи список со деловни идеи коишто може ќе ве инспирираат да започнете сопствен бизнис.
Според извештајот од 2018 година за жени кои поседуваат свои бизниси, женското претприемништво е зголемено за импресивни 3.000% од 1972 година, а помеѓу 2017 и 2018 година, жените започнале во просек по 1.821 нова инвестиција на ден.
Во продолжение неколку идеи за започнување сопствен бизнис.
Креирање апликации
Жените креираат апликации кои ги користат илјадници лица, а решаваат низа проблеми – од резервирање на состаноци до борба против улично вознемирување.
Продажба преку интернет
Силата на технологијата овозможува онлајн продажба на физички производ. Истражувањата покажуваат дека жени кои водат веб-страници кои продаваат градници, врвни часовници, еколошка облека, бебешки материјали за родители на повеќе деца и многу повеќе, многу од нив напредувале. Особено имигрантската претприемничка Хут Роге, која откако стигнала во САД со само 300 долари во џеб отворила онлајн продавница, а денес продава илјадници предмети секој месец.
Life Coach
Дали сте личност на која секогаш ѝ се обраќаат за совет. Зошто да не ја искористите таа способност да ги водите другите во бизнисот?
Маркетинг и односи со јавност
Дали добро се снаоѓате во комуникацијата и односите меѓу луѓето? Искористете го тоа! Постојат многу бизниси кои можат да ги користат вашите услуги.
Убавина
Оваа индустрија цвета. Отворање на салон, продажба на производи за нега, козметичко, фризерско студио…
Фото: Pixabay