Иднината на железницата: Почна тестирање на локомотиви на водород

Ова лето, првиот воз на водород во Северна Америка почна да патува низ канадските села, пишува Engadget.

Францускиот патнички воз е краткорочна демонстрација, која ќе трае до крајот на септември, со цел да предизвика усвојување во Канада и САД.

Се работи за два и пол часа патување, а возот развива брзина до 140 километри на час и во своите два патнички вагони може да превезе до 120 луѓе.

Француската компанија Алстом, која го изгради возот, соопшти дека неговите перформанси за забрзување и сопирање се споредливи со стандардните дизел возови – само без емисии.

Истиот модел на воз, Coradia iLint, веќе имаше пробно возење во осум европски земји.

Алстом започна со тестирање на возовите во 2018 година и има дополнителни договори во Германија, Италија и Франција.

Компанијата соопшти дека европските клиенти нарачале 41 воз.

– Coradia iLint користи околу 50 килограми водород дневно – изјави извршниот директор на снабдувачот со водородно гориво, Серж Харноа.

– За истото патување, стандарден воз би согорувал околу 500 литри дизел.

Гореспоменатиот воз испушта само водена пареа за време на своето патување како нуспроизвод од комбинирање на водородот со кислородот.

Долгорочната цел е турнејата да помогне во промовирањето на широко распространето прифаќање на водородни возови во различни северноамерикански региони, кои, доколку бидат успешни, би можеле повеќе од да го надоместат јаглеродниот отпечаток на нејзините дизел камиони и преку атлантските патувања.

Како што напишавме претходно, водородните возови се тестираат и во Јапонија.

Фото: Pixabay