
Светската побарувачка на нафта ќе се зголеми за 2,4 милиони барели дневно (bpd) оваа година на вкупно 102 милиони bpd, според прогнозата објавена денеска од Меѓународната агенција за енергија (IEA).
Клучниот фактор на раст е Кина, бидејќи нејзината побарувачка ќе порасне за 1,8 милиони bdp оваа година, се посочува во извештајот на веб-страницата на организацијата.
ИЕА ја ревидираше нагоре својата претходна октомвриска прогноза, кога предвиде пораст на глобалната побарувачка на нафта за 2,3 милиони барели дневно.