IEA предвидува раст на глобалната побарувачка на нафта од над 3%

51

Глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 3,1% во 2022 година на просечно 99,5 милиони барели на ден, како резултат на зголемената економска активност и очекувањата дека кампањата за вакцинација ќе спречи нов скок во случаите на Ковид-19, објави Меѓународната агенција за енергетика (International Energy Agency – IEA).

Во својот месечен извештај за нафта, IEA наведува дека изгледите за глобалната економија продолжуваат да упатуваат на континуирано подобрување до крајот на оваа година, како во 2022 година. Сепак, извештајот предупредува дека растот на случаите на Ковид-19 во голем број земји претставува главен негативен ризик за наведената прогноза.

Во Европа, неодамнешното укинување на некои ограничувања поради короната, имаше позитивен ефект врз економијата. Претходно ограничена побарувачка, повторно отворање хотели и ресторани и големи заштеди на домаќинствата треба да придонесат за силно закрепнување на економската активност во текот на летото, проценува IEA.

Агенцијата за енергетика очекува дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зајакне во втората половина на оваа година за 4,6 милиони барели на ден во споредба со првата половина на годината.

За 2022 година предвидува дека најголем потрошувачка ќе биде во азиско-пацифичкиот регион, 37,2 милиони барели на ден, по што следат САД со 31,2 милиони барели и Европа со 14 милиони барели дневно.

Фото: Pixabay