ИЕА:Светскиот енергетски поредок се менува

61

Меѓународната агенција за енергетика ИЕА денеска оцени дека се преобликува светскиот енергетски поредок, по рускиот напад на Украина.

Исто така, се проценува дека глобалните емисии на стакленички гасови ќе го достигнат својот врв во 2025 година.

Во последниот извештај на ИЕА се нагласува дека сегашната енергетска криза претставува исклучително сложен шок, но дека оваа ситуација ќе ги принуди владите на земјите да преземат долгорочни мерки. Новото сценарио „ќе доведе до инвестиции во чисти извори на енергија од над два трилиони долари до 2030 година, што е зголемување од над 50 отсто во споредба со денес“.

„Пазарите и политиките на енергија се променија како резултат на руската инвазија на Украина, не само за некое време, туку и за следните неколку децении“, заклучи извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.