Ifo: Повеќе германски компании планираат да ги зголемат цените

29

Повеќе германски компании планираат да ги зголемат цените, покажува истражувањето на минхенскиот економски институт Ifo.
Во април, показателот за очекувањата на цените беше 15,1 поен, откако во март беше 14,3 поени. Според Ифо, не се очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци.

Во туризмот овој показател е зголемен од 28,9 на 34,4 поени, во трговијата на мало со игри и играчки од 34,9 на 47,4 поени, а во фармацијата од 18,1 на 45,5 поени, соопштија денеска од Институтот.

Малку компании кои планираат да ги зголемат цените има во малопродажбата на храна, каде што показателот падна од 37,7 на 17,4 поени и хотелите (од 33,4 на 28,5 поени). Показателот бележи намалување и кај дејноста организација на патувања, од 36,9 на 32,7 поени.

Во градежништвото и производството, компаниите и понатаму очекуваат намалување на цените. Во градежништвото, овој показател во април е на -7,7 поени (-10,7 поени во март), а во преработувачката индустрија на минус шест поени (-6,3 поени во март).