Игрите на Outfit7, познат по Talking Tom, се преземени над 10 милијарди пати

177

Словенечкиот старт – ап и еднорог Outfit7, којшто пред две години го презеде кинеската компанија Zhejiang Jinke Entertainment Culture Co., објави дека нивните игри се преземени повеќе од 10 милијарди пати. Во Љубљана, каде што е седиштето на Outfit7, се наведува дека тоа ги сместува меѓу 10-те најуспешни издавачи на мобилни игри во светот, пренесува Пословни дневник.

Outfit7, којшто се прослави со играта Talking Tom и франшизата Friends, оваа година слави 10 години постоење.

Извршниот директор на Outfit7, Ксин Кјан, вели дека е воодушевен што имаат корисници скоро во секоја земја во светот и тоа што скоро една цела генерација пораснала играјќи Talking Tom. Во овој момент, Outfit7 има повеќе од 370 активни играчи месечно.

Инаку, минатата година Outfit7 најави дека се шири на големото платно и планира да направи сопствен Talking Tom филм.

Фото: Facebook