Talking Tom продаден за милијарда долари

100

 

tom1

Outfut7, компанија основана од најбогатите Словенци Иза и Само Логин и препознатлива по апликацијата Talking Tom, е продадена на азиски инвеститори за една милијарда долари, пишува STA.

Компанијата ја купи конзорциум од азиски компании коишто ги застапуваше Luck United Group Holdings Limited. Акционерите на Outfit7 при преземањето ги советуваше финансиската компанија Goldman Sachs.

Гласините за продажба на Outfit7 се појавија во ноември кога како купувач се спомнуваше кинеската компанија Zhejiang Jinke Entertainment Culture Co.

Outfit7, на ниво на група, минатата година оствари приход од 108 милиони евра, додека нето профитот достигна вредност од 80 милиони евра.