Фото: Potato head
Ijen е ресторан во Бали, Индонезија, којшто во целост e изграден од рециклирани материјали и ја следи фолозофијата на нула отпад. Зад неговиот дизајн стои студиото Potato head, пишува Designboom.
Ресторанот има за цел да стане пример дека може еден ваков објект совршено да функционира без притоа да штети на околината.
Во објектот сè е изработенo од рециклиран материјал: менијата, масите, чашите, приборот, подот, свеќите… Вработените и тимот од студиото се грижaт и остатоците од храната да бидат распоредени и употребени на начини што нема да имаат негативно влијание врз природата.
Подот на ресторанот е направен од мешавина на цемент, скршени чинии и чаши, додека свеќите се од исечени шишиња вино, а восокот што гори е маслото што се употребува за готвење во ресторанот.
Вишокот храна се дава на свињите од локалните фарми, нешто се користи и како ѓубриво, а сите останати артикли се рециклираат од компанија за преработка на отпад.