Ikea бара дозвола за градење во Љубљана

21

Фото: Pixabay

Ikea SEE поднесе барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање градежна дозвола за почеток на изградба на продажен објект во трговскиот центар BTC City во Љубљана, пишува Seebiz.

Според проценките на компанијата, подготвителните активности би можеле да започнат ова лето, а се проценува дека изградбата ќе трае околу една година.

Инвестицијата чини околу 80 милиони евра, а се очекува отворање на 300 работни места.

Шведскиот производител на мебел планира објектот во Словенија да се простира на површина од 30.000 метри квадратни.