Ikea ги рекреираше дневните соби на популарните Simpsons, Friends и Stranger Things

91

Шведскиот производител на мебел, Ikea покажа дека животот и уметноста се имитираат меѓусебно и тоа на еден креативен, реален начин преку рекреација на мебел од познати телевизиски серии.

За потребите на својата колекција Real Life Serie, компанијата ги одбра популарните дневни соби на Simpsons, Friends и Stranger Things, пишува Designboom. Секое креирано парче до најмалиот детаљ е речиси исто како мебелот што може да се види на малите екрани. За таа цел, Ikea направи и каталог каде што се прикажани цените на секој елемент од дневните соби.

Компанијата ја направи колекција заедно со рекламната агенција Publicis, а кампањата зборува за различниот тип на купувач и различните интереси. 

Фото: Ikea