Шведскиот ланец за мебел, IKEA, од есен драстично го менува пристапот кон своите купувачи. Имено наместо големите популарни шопинг центри, најчесто лоцирани надвор од градот, IKEA ќе отпочне со отварање на мали градски продавници, пишува The Sun.
Од компанијата го објаснуваат потегот со потребата да се одговори на промените на потрошувачките навики на своите купувачи и од таа причина, главен приоритет им претставува отворање на мали градски продавници, како и подобрување на онлајн купувањето и обезбедување ефикасна испорака на производи во рок од 24 часа.
Својата прва продавница од ваков тип IKEA ќе ја отвори веќе наесен во Лондон, а во неа ќе бидат изложени производи за во кујна и тоалети и тоа по пониски цени.
Во следните 2-3 години IKEA планира да отвори уште неколку мали продавници и надвор од Лондон, а со овој пресврт компанијата се надева дека еден ден во Британија би можеле да имаат повеќе мали градски продавници, отколку класичните големи трговски центри.