Ikea ја отвори првата продавница за половен мебел

42

Ikea ја отвори својата прва продавница за половен мебел во градот Ескилстуна, Шведска, во тамошен трговски центар. Во него ќе се собира оштетен мебел и повторно ќе се продава по пониска цена.

Рециклирањето на стар мебел и негова препродажба се дел од новиот модел на шведскиот гигант, којшто настојува да стане еколошки прифатлив, а до 2030 година да стане климатски прифатлива компанија.

Компанијата ќе започне да нуди можност за купување користен мебел од клиенти во сите свои стоковни куќи, но ќе продава користени парчиња само во Ескилстуна. Тоа е пилот-продавница која ќе биде внимателно следена и прилагодена по потреба.

Фото: Pixabay