Икеа ќе продава соларни панели во Велика Британија

44

ikea solar panelШведска Икеа, најголемиот произведувач на мебел во светот, во продавниците во Британија ќе почне да продава и соларни панели. Панелите ги произведува кинеската Hanergy Holding Group. На овој чекор компанијата се одлучила во обид да го искористи растот на пазарот на зелена енергија, кој многу се субвенционира.

Велика Британија дава субвенции за да го поттикне купувањето на фотонапонски панели. Желбата на владата е да го поттикне користењето на зелена енергија за емисијата на јаглерод диоксид да се одржи во законски пропишаните граници. Сопствениците на соларни панели добиваат субвенции за производство на соларна енергија и за пренос на вишокот енергија во дистрибутивната мрежа. Студијата на Икеа покажува дека просечно домаќинство би можело да заработи 770 фунти годишно преку субвенции и заштеди на струја.

Продажбата во Британија ќе биде тест. Од резултатите во следните 12 месеци ќе зависи дали панелите ќе се продаваат и во други земји.