Шведската компанија за мебел и додатоци во домот, Ikea планира да врши испораки со нула емисии, односно да користи електрични возила во својата флота.
Овој потфат на гигантот, којшто се планира да биде имплементиран до 2020 година ќе вклучи пет светски градови Амстердам, Лос Анџелес, Њујорк, Париз и Шангај.
Ikea се приклучи кон глобалната иницијатива EV100 во 2017 година, со цел да придонесе за поздрава животна средина и се обврза да обезбеди пристап до станици за полнење на електрични автомобили на своите локации до 2020 година.
Освен тоа компанијата вети дека до 2025 година сите испораки ќе бидат со нула емисии, а до 2030 година ќе ги преполови штетните емисии од вработените и клиентите.