Икеа креира платформа за продажба на користен мебел

161

ikea

Икеа направи платформа, онлајн пазар, преку кој потрошувачите можат да дојдат до користен мебел по поволни цени. Во соработка со агенцијата SMFB Осло, шведскиот произведувач на мебел избра 50 свои потрошувачи кои сакаа да ги продадат веќе користените Икеа производи. Икеа ги собра парчињата мебел и направи вистинска кампања за нивна продажба. Заедно со фотографиите од мебелот, беа испечатени и имињата и телефонските броеви на сопствениците, за да можат заинтересираните да се јават. Сето ова траеше осум недели, а се продадоа сите 50 парчиња мебел од кампањата.